Американската ријалити ѕвезда и претприемачка, Ким Кардашијан присуствуваше на модната недела во Милано. За таа прилика Ким беше стилизирана во црвен топ и макси тесно здолниште со потпис на „Долче и Габана“.
За да стигне до своето место во првиот ред на ревиите Ким морала да се качува по скали, што претставувало проблем за ријалити ѕвездата поради претесното здолниште. Познатиот фризер Крис Еплтон објави видео од Ким како „се мачи“ додека да се качува по скалите. Крис го сподели видеото на својот Инстаграм, но набрзо се прошири на социјалните мрежи и стана вирално.
Kim is ready for the @dolcegabbana show! 🔥 pic.twitter.com/9qhkA3lmf8
— Kim Kardashian Updates (@AllForKimK) February 25, 2023
Очигледно, црвеното претесно здолниште не беше доволно за Ким, па како втор моден избор ријалити ѕвезда се одлучи за претесен фустан од змиска кожа, со потпис на истата модна куќа – „Долче и Габана“.
Ова не е прв случај Ким да се бори со изборот на претесни здолништа или фустани и бројот на скали кои треба да ги искачи.
За да го привлече внианието на јавноста, ријалити ѕвездата е подготовена на несекојдневни модни предизвици.
Kim again trying to walk upstairs in her dress. The dedication is real 😅 pic.twitter.com/mbCkdGV6r9
— Kim Kardashian Updates (@AllForKimK) February 25, 2023