Спиењето во ист кревет е всушност момент на релаксација и опуштање.
Лежењето покрај саканата личност на крајот од денот и после се што ни се случило во тој ден е начин целосно да се опуштите и да се чувствувате безбедно.
Сепак, некои луѓе сепак би сакале повеќе простор кога станува збор за мирен сон. Стравот дека ова е чекор кон раскинување е секогаш присутен во овие ситуации. Дали е тој оправдан?
Има голем притисок околу спиењето во заеднички кревет, но тоа е главно верување засновано на некои општествени ставови, а не на наука. Поголемиот дел од револуционерната работа во науката за спиење во изминатите 60 години потекнува од студии на луѓе кои спијат сами во лабораторија, под строго контролирани услови.
Но, спиењето во реалниот свет не се случува во лабораториски услови. Спиењето во реалниот свет е често бучно, испрекинато и што е најважно, споделено, доколку имате партнер. Паровите од секаков тип – млади, стари, здрави парови – доживуваат различни предизвици кога станува збор за заедничко спиење.
Кога сонот се гледа објективно, луѓето всушност спијат полошо со партнерот, според истражувањето.
Всушност, ако спиете со некој што ‘рчи, можете да го обвините за до 50 проценти од вашето нарушување на сонот, тврди едно истражување.
Меѓутоа, кога овие луѓе ги прашале дали би сакале да спијат во посебен кревет, мнозинството цврсто стоеле на спиење со партнерот. Тоа значи дека некои не би го промениле чувството на сигурност ниту по цена на добар и мирен сон.
Сепак, токму оваа несоница поради партнерот може да биде причина за следната расправија. Кога вашиот партнер ќе заспие пред вас и ќе почне да се врти во кревет или да ‘рчи, тоа веројатно ќе ви пречи и затоа, недостатокот на сон значи поголема нервоза наутро и во текот на денот.
Затоа, слободно договорете се со партнерот понекогаш да се обиде да се разделите додека спиете.