Честото ставање на надградби во косата може да биде погубно за неа: Експерт ги објаснува причините и последиците

popara17 февруари, 20231min00
shutterstock1034575792-830x0

Надградбата на косата ѝ дава должина и волумен на косата и е многу популарна во последниве години. Но, доколку често се одлучувате за ваква промена на фризурата, ризикувате да ја оштетите косата, па дури и да предизвикате трајно опаѓање.

Како што изјави д-р Шади Абунасеер, кој е специјализиран во областа на трансплантација и реставрација на коса, одредени фризури и екстензии можат да влијаат на оштетувањето на косата.

– Ако ја притискате косата во смисла на силно затегнување во опавче или пунџа, како и ако ставате надградби, би можеле да ја оштетите косата – истакнува д-р Абунасеер.

– Со текот на времето, ваквото оштетување може да доведе до опаѓање на косата, а ваквото опаѓање е предизвикано од траума на фоликулот на косата поради постојано кубење.

Експертот посочува дека не е самата фризура таа што потенцијално може да предизвика опаѓање на косата, туку силата со која таа постојано се влече.

– Од друга страна, стилизирањето на косата со топлина и различни хемикалии кои се наоѓаат во боите, лаковите и геловите за коса исто така може да биде причина за опаѓање – потсетува д-р Абунасеер.

Според него, опаѓањето на косата може да се спречи со одредени третмани и суплементација пропишана од лекар.

– Исто така, треба да го промените начинот на кој ја третирате косата. Користете бои кои не содржат амонијак, а кога одите на фризер бидете сигурни дека употребените производи не ја оштетуваат вашата коса. Не користете лак, екстензии и не ја затегнувајте косата премногу. Бидејќи кога ќе го оштетите фоликулот на косата, влакната не можат да растат од тој фоликул. Многу оштетени фоликули на косата создаваат трајни ќелави области и тогаш единствено решение е трансплантација на коса – предупредува д-р Абунасеер.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma