Ќе помогне вашата коса повторно да биде сјајна и здрава
Користењето маски за коса еднаш или двапати неделно може значително да придонесе за квалитетот и здравјето на вашата коса. Состојките што ги имате дома, можете да ги искористите за да направите хранлива маска за коса која ќе ви го исчисти скалпот и ќе ја направи вашата коса хидрирана, здрава, сјајна, а некои рецепти можат да ви помогнат и да се ослободите од првутот.
Секоја маска треба да ја држите на косата околу половина час. За тоа време можете да нанесете и маска за лице, да пуштите музика, да гледате филм, да танцувате, да ја чистите куќата, да готвите… Додека се движите вашата коса се храни. За да ја подготвите косата за пролетните и топли денови, ви ги препорачуваме следните 4 маски – секоја има моќен ефект и содржи само две или три состојки:
Маска за коса од авокадо, мед и маслиново масло – Маската со мед помага да се хидрира сувиот скалп и сувата коса, па со комбинација на авокадо и маслиново масло ќе се задоволат потребите на вашата коса. Медот ќе ги врзе авокадото и маслиновото масло, кои се добри за негување и навлажнување на вашата коса.
Маска со зелен чај и јаболков оцет – Зелениот чај во маските за коса го намалува првутот, во комбинација со јаболков оцет, кој исто така се бори против сувоста. Комбинирана и нанесена на косата, оваа маска ќе ви ги даде резултатите што ги барате.
Маска од белки и лимон – Белките во маската за коса се борат и против првутот, но и го чистат скалпот од вишокот маснотии. Во комбинација со лимон, кој помага во одржување на кадриците и негување, имате маска за коса која ќе ви помогне да ја оживеете косата за пролет.
Маска за коса од рицинусово масло – Рицинусовото масло придонесува за раст и исхрана на косата, така што самостојно како маска за коса, па дури и во комбинација со некоја од состојките споменати во другите маски, сигурно ќе имате зајакната и хидрирана коса.