Секоја личност има омилена поза во сексот која најмногу и одговара, но овие четири најчесто се споменуваат кога ќе ги прашате жените.
Сексот ќе биде многу полесен на почетокот на врската доколку знаете кои се најчестите пози кои ги сака спротивниот пол, а овде можеме да се потпреме на истражување кое дошло до таа информација на доволно голем примерок од испитаници.
Ако сè уште не сте пробале ниту една од овие, погрижете се да го сторите тоа што побрзо…
МИСИОНЕРСКА
Жените едноставно ја сакаат мисионерската поза, бидејќи за време на неа можат да доживеат оргазам на повеќе начини – без потреба од акробации или да вложуваат премногу труд. Ако мислите дека тоа е здодевна поза, следниот пат кога ќе се најдете во таква секс игра, обидете се да го почувствувате целото тело на вашиот партнер… можете, нели?
ЛАЖИЦА
Подеднакво возбудлива е и таканаречената лажица, поточно позата во која мажот се прилепува за жената одзади. Жените не мора многу да се трудат, а мажот го има целото тело на располагање за галење, стискање на градите и дополнителна стимулација на клиторисот.
ЈАВАЧКА
Голем број жени обожаваат во еден момент да бидат горе, да „го јавнат“ мажот и да ја преземат контролата над целата ситуација. Најдоброто е што оваа поза е многу возбудлива и за мажите бидејќи пред нивните очи „танцуваат“ градите со кои лесно можат да си поиграат.
НА МАСА
Конечно, поза која не е вообичаена, но жените навистина уживаат – секс на маса, кога колковите на мажот и жената се на иста висина, а мажот има голема слобода на движење, галење и дополнителна стимулација на неговата партнерка.