Четири трикови како да ГО ПРОДОЛЖИТЕ МИРИСОТ И СВЕЖИНАТА НА ОБЛЕКАТА ВО ГАРДЕРОБЕРОТ: Едноставни и ефективни начини

popara24 април, 20231min00
bdacc3afeb46d7d171ac914aa4ec014b20fc6845

Трикови кои ќе ви бидат од голема корист

Постојат неколку трикови со кои можете да го продолжите мирисот и свежината на испраната облека за неколку дена, а со некои трикови мирисот ќе трае и со месеци. Еден од необичните додатоци секако се зрната кафе! Освен што ги апсорбираат сите лоши мириси, зрната кафе ќе го шират својот мирис. Наполнете мал сад со зрна, направете неколку дупчиња на капакот или алуминиумската фолија со која сте го обложиле и ставете го во шкафот. Менувајте ги еднаш месечно. Покрај кафето, можете да ги користите и следните додатоци.

Парфем и марамчиња

Наместо да го испрскате парфемот директно на облеката, испрскајте го на марамче и ставете го во плакарот. Мирисот дефинитивно ќе се рашири, облеката ќе го впие, а доброто е што нема да ги оштетите или извалкате вашите омилени работи.

Освежувач за автомобили

Да, можете да ги користите и во гардероберите. Изберете некој поблаг мирис, завиткајте го во марамче или крпа и ставете го во фиока. Ќе мириса со месеци.

Есенцијални масла

Исто како и со зрната кафе, можете трајно да ја намирисате облеката со есенцијални масла. Додадете неколку капки во машината за перење за време на последниот циклус на перење или ставете ги на марамче/крпче и ставете ги во плакарот

Сапун

Еден од најстарите трикови што многумина го користат и денес е ставањето тврд сапун помеѓу работите. Сè што треба да направите е да го завиткате во хартиена крпа или само да го ставите во шкаф во оригиналното пакување.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag