Австралиската домаќинка Каролина Меколи е позната по тоа што споделува трикови за домаќинството на „TikTok“, а во неодамнешното видео откри како да се отстрани маснотијата од кујнските шкафчиња…
Мајка на две деца, позната по тоа што споделува совети за чистење и подобрување на домот со илјадници следбеници, откри како ја отстранува сета маснотија од нејзините кујнски елементи.
Таа користи вода, оцет, сапун, есенцијални масла и крпа од микрофибер за да ги отстрани тврдоглавите наслаги.
Процесот го демонстрираше во видео објавено на „TikTok“, кое е прегледано повеќе од 22.000 пати за осум часа, и тврди дека методот е „беспрекорен“.
Прво, измешајте шолја вода со шолја алкохолен оцет, а потоа додадете млаз течен сапун и неколку капки есенцијално масло, да речеме од чајно дрво.
Потоа избришете ги шкафчињата од врвот до дното (или од подот до таванот) за да ја отстраните целата маснотија.
Сапунот ги раствора нечистотијата и маснотиите, додека оцетот го спречува создавањето на дамки на избришаните површини.
Видеото може да го погледнете ТУКА.