Комбинацијата од кикиритки и чоколадо никого не остава рамнодушен! Затоа направете чоколадни коцки со путер од кикирики
Овој десерт е готов за 10 минути, а на сите ќе им се допадне.
Состојки:
- 230 гр путер од кикирики
- 200 гр путер
- 250 гр мелени бисквити
- 200 гр чоколадо
- 220 гр шеќер во прав
- 1 лажица масло
Подготовка:
Омекнатиот путер измешајте го со мелените бисквити, па соединете да добиете ронлива смеса, па додајте ги шеќерот во прав и путерот од кикирики. Се замесува сѐ, по можност со раце, за да се добие компактна смеса. Префрлете ја смеата во коцкаст сад обложен со хартија за печење и рамномерно распоредете ја. Чоколадото скршете го, па стопете го со масло на пареа или на умерен оган, но внимавајте да не загори. Истурете го во калапот врз колачот и израмнете со шпатула. Десертот можете да го јадете веднаш, но поубав е кога ќе отстои малку во фрижидер и така полесно ќе се исече. По половина час исечете го на коцки или штангли и послужете.