Мелени бисквити, какао, чоколадо, јагоди и уште неколку состојки ќе ви го дадат овој превкусна колач.
Ако сакате да направите десерт што ќе ве собори од нозе, а лесно се прави, ова чоколадно совршенство со јагоди е токму тоа.
Состојки:
1 пакување мелени бисквити
1 лажица какао
100 гр путер од кикирики
300 гр јагоди
За кремот:
300 гр полуслатко чоколадо (да нема висок процент на какао, за да не биде многу горчливо)
400 мл кокосово млеко
Подготовка:
Измешајте ги бисквитите, какаото и путерот од кикирики, па печете на 180 степени 10 минути.
Потоа направете крем од растопено чоколадо и кокосово млеко.
На печениот колач наредете ги јагодите (исечени на половина), па прелијте со кремот и оставете ги во фрижидер да се стегне.
Како изгледа во пракса, погледнете на видеото ТУКА.