Резултатите се гледаат брзо
Ако и дадете соодветна нега на вашата коса, ќе добиете долга и здрава коса! На прво место, ќе ви помогне чудотворниот шампон за побрз раст и зајакнување на косата.
Погледнете го рецептот, направете го овој шампон, користете го секогаш кога ќе ја миете косата и наскоро ќе ги забележите посакуваните резултати.
Состојки:
10-15 чешниња лук
лажица маслиново масло
едно шише шампон
Подготовка:
Излупете го лукот и добро измијте го секое чешне, изблендирајте во блендер во паста, додадете малку вода во пастата и продолжете да го мелете лукот додека пастата не стане целосно кремаста.
Додадете го маслиновото масло.
Измешајте ги состојките додека не се соединат добро.
Измешајте ја пастата од лук со шампонот.
Чувајте го овој шампон во добро затворено шише.
Употреба:
Мијте ја косата со овој шампон секој пат, 2 до 3 пати неделно.
Уште еден одличен совет.
Додадете масло од здравец во постоечкиот шампон или маска за коса.
Ова помага за зголемување на циркулацијата на скалпот. Косата расте побрзо и е поотпорна на надворешни влијанија. Неколку капки од ова есенцијално масло во вашиот шампон или регенератор ќе направат огромна разлика.