Алоето е растение кое е познато по многубројните ефекти. Има моќ на хидратација, ја штити кожата и позитивно влијае на воспалителните процеси на цревата.
Што е гел од алое?
Низ историјата, алое верата се користела локално и орално. Се добива со отворање на зелените месести листови на растението, а често се користи за лекување на изгореници, гребаници, псоријаза и други проблеми со кожата. Се користел како компонента во многу лаксативи без рецепт до 2002 година, кога Американската управа за храна и лекови ги тргнала ваквите препарати од полиците на аптеките поради недоволно информации за нивната безбедност.
Можеби дел од она што го прочитавте ви било познато од порано, но треба да направите разлика помеѓу двете варијанти што се во употреба. Џенет Брил, нутриционист и консултант, открива дека и двете се базираат на гел од централниот дел на растението. Понатамошниот процес одредува каков вид на производ ќе се најде на полиците на продавниците. Сокот се добива со додавање на исцеден цитрус, како портокал или некое друго овошје. Водата е едноставно вода помешана со гел.
Придобивки:
- Хидратација
Водата од алое, или гелот, се прават главно од вода. Затоа, имаат моќ на хидратација, заедно со многу калиум и витамин Ц. Но, тоа не значи дека не треба да бидете внимателни. Многу производители кои продаваат производи што содржат алое додаваат шеќери, што често ја зголемува калориската вредност на 130 по кафена лажичка, а понекогаш и повеќе, предупреди Џенет Брил.
- Подобар тен
Доколку размислувате во насока на разубавување, може да ви биде корисна алое верата. Научниците сè уште го испитуваат вистинското влијание на ова растение, но ако ги земеме предвид нутритивните вредности: покрај калиумот и витаминот Ц, ќе најдеме и многу антиоксиданси, кои помагаат да се заштити кожата од пенетрација на слободните радикали, како и фолна киселина, која влијае на имунитетот. Сепак, треба да бидете упорни, бидејќи резултатите на лицето не се гледаат откако ќе испиете едно пакување сок од алое вера.
- Воспаление
Едно истражување од 2004 година покажа дека водата помешана со гел од алое има корисен ефект врз воспалението на цревата. Имено, испитаниците го пиеле овој пијалок наместо вода два пати дневно во текот на четири недели. Овде е важно да се каже дека не се забележани контраиндикации.