Во најновото музичко видео, таа ѝ оддала почит на бебиситерка која, наводно, била отпуштена од Пике без плата. Пејачката ја претстави Лили Мелгар во нејзиниот спот за новата песна „El Jefe“, која ја пее на шпански со мексиканскиот бенд Fuerza Regida.
Покрај тоа што се појавува во спотот, Лили се споменува и во песната: “Лили Мелгар. Оваа песна е за тебе, не те обештетија”.
Наводно, дадилката Лили била отпуштена без плата откако ѝ кажала на Шакира за наводните неверства на Пике, пишува Mirror.
Ова не е прв пат Шакира да ја користи својата музика за да му се обрати на поранешниот сопруг.