Најновата љубовна приказна на колумбиската пејачка ја открија шпанските новинари. Според нивните наводи, таа е во врска со Аргентинец, кој е познат во светот на музиката. Неговото име е Рафаел Аркаут.
Како што изјавиле нивните соработници за шпанскиот весник, новото момче на Шакира е пристоен човек, поет и музичар, кој е сосема поинаков од Пике и мажите со кои во последно време се поврзува колумбиската ѕвезда. Има 44 години, познат музички продуцент во Јужна Америка, а освоил дури 18 латино Греми, а соработувал и со бројни познати уметници.
Шакира пред една година се разведе од поранешниот сопруг Пике, а нивната бурна разделба ја следеа сите медиуми ширум светот. Таа наводно сега е многу возбудена поради новата можност во љубовта, а таа и Аркаут се заедно веќе некое време. Тие често одат на вечери, а музичарот ја освоил пејачката со својот хумор и внимание.