Шакира едвај избегна затвор!Пејачката треба да плати 7,3 милиони евра

popara24 ноември, 20231min00
Шакира

Шакира по судењето признала дека ја платила казната затоа што не сака повеќе да поминува низ агонија и децата така да ја гледаат.
Денес, Шакира присуствуваше на првото судење за наводна измама на шпанската држава од 14,5 милиони евра од приходите остварени меѓу 2012 и 2014 година.Пејачката има нето богатство од околу 240 милиони фунти и ќе биде казнета со 6,4 милиони фунти, што е 7,3 милиони евра, за шест точки од обвинението за даночна измама.

Денеска беше објавен договор со кој пејачката ја призна вината,но ќе треба да плати и 432.000 евра за да ги избегне трите години затвор на кои инсистираат обвинителите.

Освен тоа Шакира го вратила данокот за кој шпанските власти ја обвинија дека го затаила,а кој со камата достигна речиси 17 милиони евра.

 

Шакира подоцна даде изјава,во која изјави дека не е виновна,но дека повеќе не сака да го поминува времето на суд и дека не сака нејзините деца да ја гледаат во таква состојба.

– Многу им се восхитувам на оние кои до крај се бореа со оваа неправда,но за мене денеска победата е враќање на времето за моите деца и мојата кариера – рече таа.

Во својата изјава,Шакира,исто така,ги критикуваше шпанските власти за обвинителството,велејќи дека нејзиниот случај е сличен на другите случаи каде властите тргнуваат по спортисти и други поединци од висок профил.Ваквите случаи,вели таа,со години им ја трошат енергијата,времето и мирот на луѓето,пишува DailyMail.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag