Пејачката Шакира беше „фатена“ во друштво на НБА ѕвездата Џими Батлер.
Отишле во познат ресторан, а по тој повод пејачката воодушевила со елегантно издание.
Дека се трудат да ги избегнат приказните за нивната врска покажува и фактот што не влегле заедно во ресторанот, туку со неколку минути разлика.
– Забележано е дека и двајцата уживаат во друштвото додека поминуваат време во ресторанот – изјавил изворот за Е! Вести.
Како што се наведува понатаму, на Шакира и помогнало неговото обезбедување да влезе во неговиот автомобил со кој управувал нејзиниот возач, а портирот си заминал само неколку моменти подоцна.