Колумбиската пејачка Шакира и холивудскиот актер Том Круз се појавија заедно на Формула 1 трката во Мајами и по тој повод започнаа бројни гласини за потенцијална романса.
По крајно грдиот крај на љубовната приказна меѓу Шакира и Жерар Пике, откако се дозна дека фудбалерот е во врска со 23-годишната Клара Чиа Марти, пејачката од Барселона се пресели во Мајами со синовите Милан и Саша.
После тоа, пејачката сепак не избра да се повлече во својата вила, да биде сама и да ги одгледува синовите, за кои нејзиниот поранешен сопружник и го додели целосно старателство.
Во таа насока, нејзиното појавување на трката во Формула 1 и интензивното дружење со Том Круз на патеката, а потоа и во ВИП-ложата, започнаа лавина гласини на социјалните мрежи кои експлодираа.
Shakira and Tom Cruise spotted together at the Miami Grand Prix. pic.twitter.com/3s3exDPAVc
— Buzzing Pop (@BuzzingPop) May 7, 2023
Идејата дека жешката латино ѕвезда и филмската ѕвезда се пар ги привлече нејзините обожаватели кои мислат дека холивудскиот срцекршач би бил одличен партнер за закрепнување, дури и ако приказната не трае, додека на Круз, како што велат, му треба некој жесток како Шакира.
Како што е познато, актерот моментално е сингл, а неговата последна, многу кратка врска беше со колешката Атвел и заврши пред една година.