ШАКИРА НЕ МОЖЕ ДА СЕ ПРИБЕРЕ ОД ШОК! Пике донел љубовница во куќата додека биле во брак

popara11 јануари, 20231min00
Screenshot_7

На интернет се појави видео направено во август 2021 година, во домот на Шакира и Пике, на кое се гледаат фудбалерот и неговата сегашна девојка. Ова значи дека нивната афера почнала многу порано, а тој ја викал Клара на гости додека пејачката и децата не биле дома.

 

 

 

 

Шакира и Пике се разделија пред неколку месеци поради неверство од страна на фудбалерот.

 

Моментално Пике е во врска со Клара која наводно е и главната причина за разделбата со пејачката, но се чини дека нивната афера почнала многу, многу порано.

 

Неодамна, онлајн се појави видео направено уште во август 2021 година на кое се гледаат Пике и Клара.

 

Видеото е всушност снимен видеоповик на платформата Twitch, направен од куќата во којашто живееја Пике и Шакира.

 

Наводно, тој период Шакира била во друга држава со двете деца, а Пике ја искористил можноста да ја покани Клара во нивниот дом.

 

Според изворите на Page Six, во периодот кога е направено видеото, Шакира и Пике дефинитивно не биле разделени, а Шакира не ни била свесна за аферата.

 

Истиот извор додава дека пејачката била разочарана што фудбалерот дозволил неговата љубовница да дојде во домот каде што живеат и нивните деца.

 

„Поразувачки е за Шакира тоа што аферата траела многу подолго отколку што таа мислеше“, вели изворот.

 

Засега ни Шакира ни Пике се немаат огласено во врска со новите „докази“ за аферата.

 

Всушност, Пике нема прокоментирано ништо за разделбата од пејачката, додека Шакира го покажа својот револт и на Нова година.

 

„Иако нашите рани остануваат отворени во оваа нова година, времето е како хирург. Иако некој нè предал, би требало да продолжиме да веруваме.

 

Бидејќи, постојат многу подобри луѓе отколку нечесни. Повеќе луѓе со емпатија отколку со рамнодушност“, напиша таа на Инстаграм.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag