Колумбиската пејачка Шакира му испрати јасна порака на својот поранешен сопруг Жерар Пике на првиот ден од 2023 година.
Сето тоа го „завиткала“ во честитка со која на сите им посакува среќна 2023 година, а нема сомнеж дека Пике, кој минатата година ја изневери пејачката, ќе се препознае во некои делови од честитката.
„Иако нашите рани се уште се отворени и во оваа нова година, времето има раце на хирург. Дури и ако некој не изневерил, ние мора да продолжиме да веруваме. Соочени со презир, продолжете да се цените себеси. Затоа што има повеќе добри отколку лоши луѓе. Повеќе сочувствителни од индолентните луѓе. Помалку од нив заминуваат, а повеќе остануваат со нас. Нашите солзи не се за отпад, тие ја наводнуваат земјата во која ќе се роди иднината и нè прават почовечни, за и покрај скршеното срце да продолжиме да сакаме“, е првата порака на Шакира во 2023 година.
ОБЈАВАТА ПОГЛЕДНЕТЕ ЈА ТУКА