ШАКИРА ПЛАТИЛА ДА НЕ ОДИ ВО ЗАТВОР Во прашање е сериозна цифра, еве што направи пејачката

popara20 ноември, 20231min00
Screenshot_4

Пејачката беше обвинета за затајување данок од 14,5 милиони евра, а обвинителот побара осум години затвор или парична казна од 23,8 милиони евра.

 

 

 

Колумбиската поп ѕвезда Шакира постигна спогодба пред почетокот на нејзиното судење во Шпанија, каде што беше обвинета за затајување данок.

 

Таа беше обвинета за затајување данок од 14,5 милиони евра, а обвинителот побара осум години затвор или парична казна од 23,8 милиони евра.

 

Но, според спогодбата Шакира ќе плати казна од 7,5 милиони евра.

 

Шакира, која постојано негираше проневера, рече дека спогодбата е во „најдобар интерес“ на нејзините деца.

 

Таа додаде дека нејзините деца „не треба да гледаат“ на мајка која е под стрес и вознемирена.

 

Пејачката претходно ја одби спогодбата и реши да оди на суд.

 

Шакира живеела во Шпанија додека била во врска со фудбалерот на Барселона Жерар Пике со кој има деца.

Шакира во изјавата рече дека „во текот на нејзината кариера, таа секогаш се трудела да го прави она што е правилно“ и „да биде позитивен пример за другите“.

 

Таа изјави дека даночните власти во Шпанија со години обвинуваат многу познати личности, „трошејќи ни го времето, енергијата и нарушувајќу ни го мирот“.

 

„Иако бев решена да ја докажам мојата невиност на суд, а моите адвокати беа уверени дека пресудата ќе биде во моја корист, одлучив да ја решам оваа ситуација во најдобар интерес на моите деца, кои не треба да гледаат како нивната мајка ја уништува сопствената благосостојба преку оваа борба“, напиша таа.

 

Шакира додаде дека сега сака и треба „да го надмине стресот и анксиозноста со кои живеам во последните неколку години“ и да се посвети на работите што ги сака – нејзините деца, можностите за кариера, како и нејзината претстојна светска турнеја и нов албум.

 

„Им се восхитувам на сите што се бореа до крај против слична неправда, а мојата победа е враќањето на моите деца и мојата кариера“, рече таа.

 

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma