Пејачка Шакира и понатаму поминува низ голема драма без оглед на тоа што од скандалот со Пике поминаа веќе неколку месеци.
Имено, таа ги моли тамошните медиуми да ги остават нејзините деца на мир, со оглед дека се под постојан притисок од медиумите и да ги следат папараци.
„Во ова време промена во мојот живот како јавна личност, разбирливо е дека постои љубопитност на медиумите за мене и моето семејство. Меѓутоа, моето дете, Милан и Саша, проживеаа тешка година, трпеле постојана опсада и немилосрден прогон на папараците и разни медиуми во Барселона. Сега кога започнуваат нова фаза во своите животи, ги молам медиумите да не ги следите до влезовите на училиштата, да не ги чекате пред вратите на нашите куќи или да ги следите после нивните активности после училиште за да добиете што подобри фотографии, снимки, како што се случуваше секој ден во Барселона“ – напишала Шакира.
ОБЈАВАТА МОЖЕ ДА ЈА ПОГЛЕДНЕТЕ ТУКА
Исто така упатила и јавен апел до медиумите да престанат да ги снимаат децата и да ги малтретираат, бидејќи не можат нормално да одат на училиште.
„Верувам дека новинарите и фотографите се чуствителни на ситуацијата во која се наоѓаат Милан и Саша, па кон нив може да се однесуваат на најхуман начин, со оглед на тоа дека се работи за здравје и физичко и емоционален интегритет на две малолетни деца од 8 и 10 години“.