Шарлиз Терон, холивудската дива и модна икона, важи за бестрашна и смела жена, а нејзината фризура и моден израз отсекогаш го следеле нејзиниот карактер. Со години сите се восхитуваат на нејзиниот талент и неизбледната убавина.
47-годишната актерка се појави на црвениот тепих во Рим изгледајќи како античка божица. На себе имала црн долг проѕирен фустан под кој се гледал градник од истиот материјал.
Фустанот имал длабок шлиц напред, па нејзините витки нозе дојдоа до израз.
Таа носела едноставни црни чевли со високи потпетици, а стајлингот го заокружила со необични аксесоари – долг синџир, прстени и француска капа.
Фризурата на страна изгледала лелеаво, а лицето беше речиси без шминка.
Со оглед на тоа што премиерата на која присуствуваше се одржа во близина на Колосеумот, Шарлиз собра многу љубопитни минувачи кои се восхитуваа на нејзината убавина.