Шарлот од „Сексот и градот“ објасни што не и се допаѓало во серијата: „Бев бесна“

popara13 јуни, 20231min00
kristin-davis-2-830x0

Кристин Дејвис ќе игра и во втората сезона на серијата „And Just Like That…“, која наскоро ќе започне на платформата „HBO Max“.

Кристин Дејвис, позната по улогата на Шарлот Јорк во Сексот и градот, откри што не и се допаднало во серијата. Актерката изјавува дека не сакала да го контролира темпераментот на својот лик.

„Нејзе и се случуваа луди работи и јас бев како „Зошто таа не се лути?“ Кој не би се налутил, особено ако му врискаат пцовки во лице за време на секс. Дали се сеќавате на таа епизода? Навистина го мразев тоа. Го одглумив само затоа што Синтија Никсон, која ја игра Миранда, мислеше дека е смешно. Но, бев бесна“, вели Кристин Дејвис за епизода од третата сезона кога се гледаше со Александар Лемли.

Инаку, Дејвис ќе игра во втората сезона на серијата „And Just Like That…“ која наскоро ќе стартува на платформата „HBO Max“.

Во една сцена ќе се врати и Ким Катрел, која ја игра Саманта Џонс.

„Одлично е. Навистина го мислам тоа. Очигледно нејзината сцена е снимена во гаража, некаде без контакт со било кого, така што единственото место каде што можам да ја видам е мојата дневна соба кога ќе се емитува епизодата“, рече актерот Еван Хендлер, кој во серијата ја игра улогата на сопругот на Шарлот, Хари, пишува „24сата.хр“.