Шварценегер ја сними својата аудио книга и призна дека е дислексичен

popara9 август, 20231min00
profimedia-0498599563-830x0

„Можев да ви кажам дека беше одлично да седнам и да ги снимам моите зборови, но вистината е дека бев преплашен. Еве ја мојата тајна: Јас сум ужасен читател“, напиша Шварценегер на својот Фејсбук профил.

Актерот Арнолд Шварценегер призна дека е дислексичен, објавувајќи дека завршил со снимањето на неговата аудио книга „Be Useful“, која исто така ќе се појави во хартиена форма на 10-ти октомври.

„Можев да ви кажам дека беше одлично да седнам и да ги снимам моите зборови, но вистината е дека бев преплашен. Еве ја мојата тајна: Јас сум ужасен читател“, напиша Шварценегер на својот Фејсбук профил.

Потсетувајќи како во 1950-тите, кога се школувал во родната Австрија, не се споменувале деца со потешкотии во учењето, Шварценегер го опишал неговото читање пред класот како пропаст, поради што „бил тепан со линијар“.

“Но, сега знам дека сум дислексичен. Кога се подготвувам за филм, го читам сценариото одново и одново со месеци, додека не го зпамтам секој ред. Ми треба време и повторување за да ги совладам зборовите”, рекол актерот.

Како што е најавено, во „Биди корисен“ Шварценегер преку своите искуства носи „седум правила кои треба да се почитуваат за да се сфати вистинската смисла на сопствениот живот“.

Зборувајќи за аудио книгата, Шварценегер изјави дека му било кажано дека писателите ќе го направат своето за два до три дена во студио, додека тој побарал домашни услови за неговото снимање и најавил дека ќе минува од 20 до 30 страници дневно.

Според него, тоа му овозможило да работи со режисерот и продуцентот два пати на ден на пократки сесии, со континуирано вежбање помеѓу нив.

Актерот познат по филмовите „Конан варваринот“, „Предатор“, „Вистински лаги“ и серијалот „Терминатор“ истакна дека со снимањето на аудио книгата научил дека мора да се натера да оди напред.

„Направив толку многу повторувања што не можам да ги избројам. Ги поделив на мали парчиња, знаејќи дека малите добивки градат големи победи, или во овој случај, цела книга“, рече актерот.

Шварценегер истакна дека се надева оти слушателите на книгата „ќе бидат инспирирани, не само од зборовите, туку и од процесот на нивното снимање“.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag