Иконата е искрена за сексизмот,мизогинијата и одлуките кои не планира да ги оправда.
Шер е име кое им е добро познато на различни генерации -ја паметат и нашите баби и мајки.
Пред Мадона,пред Лејди Гага беше Шер.Уникатна жена со остар јазик,со подеднакво одлични актерски и пејачки способности, авангардно чувство за мода и изглед.
Иако наближува осумдесет години,оваа жена-змеј се уште тренира континуирано и интензивно,не консумира алкохол,пури или лоша храна.
– Сирењето е веројатно најлошото.Ме успорува.Јас дури и не јадам месо.Шеќер само понекогаш – рече таа.
Нема влакна на јазикот
Сепак, она што се шпекулира со децении е лицето на божицата,кое изгледа супер тонирано.Добра нега или естетска хирургија?
И Шер не се оддалечи да зборува за притисокот што го наметнува Холивуд,не избегнувајќи да спомнува имиња.
– Се сеќавам кога имав четириесет години,ми се јави режисерот на филмот „Witches of the Eastwick“ и рече дека Џек Николсон и тој „мислат дека сум премногу стара и дека не сум доволно секси“.Сакаше да се откаже,додека не го потсетив со кого зборува.
-Прв пат го оперирав носот затоа што не ми се допадна како изгледаше на филмското платно.Ако сакам да вградам гради на грбот – тоа се однесува само на мене.Нека кажат дека сум суетна.Мајка ми секогаш ми велеше „нема да бидеш секогаш млада,но секогаш ќе бидеш посебна“ – била искрена Шер, а пренесува „Intothegloss“.