Нема повулгарно дневно издание од ова!
Папарацо-фотографите пред неколку дена ја „уловиле“ манекенката Џој Кориган на улиците на Лос Анџелес во многу предизвикувачка комбинација.
Инаку, таа е позната по смелите модни изданија на кои е тешко да се остане рамнодушен. Па така и овој пат успеа им го привлече погледот на љубопитните минувачи, што очигледно ѝ беше целта и воопшто не ѝ пречеше.
Џој, која е еден од ангелите на „Викторија сикрет“, прошета во „безобразен“ аутфит кој е создаден за да привлече внимание, но не на позитивен начин. Тој не само што е ризичен бидејќи многу повеќе открива отколку што сокрива, туку е и вистинско модно фијаско.
Што мислите за модниот избор на познатата 28-годишна манекенка?