Ако ја погледнеме современата поп култура, филмските и телевизиските содржини и социјалните мрежи, би помислиле дека сексуалната активност е многу почеста отколку што навистина е. Како што се испоставува, прекумерната еротизација не довела до зголемување на интимните односи.
Д-р Логан Левкоф, истражувач и едукатор во областа на семејството и интимните односи од Универзитетот во Њујорк, имал краток и јасен коментар за агресивната кампања за еротизација на поп културата во последните три децении: „Во повеќето случаи, моделот што е претставен во серии, филмови, медиуми и на социјалните мрежи, тоа не се одразува во реалноста, ниту во односите меѓу луѓето“.
Како што објасни, „нормалниот број на сексуални активности“ зависи од човек до човек.
“Не го сакам и не го поддржувам тој збор – нормално. Секоја личност е различна и секоја врска е различна”, објаснува Левкоф, пишува “NBC News”.
Имено, според студијата „Сексуално однесување“ е утврдено дека просечниот човек има 54 сексуални односи годишно. Оваа бројка е помала за 10, изнесувала 64 годишно, споредено со деведесеттите години од минатиот век. Што значи дека бројот на односи се намалува со децениите.
„Истражувањето објавено во „Социо-психолошка студија за личноста“ покажува дека паровите се среќни ако имаат секс еднаш неделно. Но, тоа не значи дека се посреќни ако имаат секс повеќе од еднаш неделно“, објаснува Левкоф за „NBC News“.
“Близината и интимноста се основна човечка потреба. Во емотивните врски кои траат со години, многу е важно да се одржува жив овој аспект од врската. Она што е најважно и што паровите мора да го запомнат, не постои магичен број на односи што ќе ги направи среќни. Отвореноста на партнерите еден кон друг и разговорите за фантазии и желби мора да се случат порано или подоцна ако сакаат овој аспект од врската да успее, што е еден од столбовите што ја одржува врската“, заклучува Левкоф.