ШОК: Еве зошто на Бред Пит му бил забранет влез во Кина скоро 20 години

popara13 март, 20231min00
1099_shutterstock-1412672144_f (1)

На Бред Пит му беше забранет влез во Кина речиси 20 години поради филмот во кој глумеше во 1997 година. Заплетот на филмот, базиран на историски настан во средината на 20 век, ја поттикна кинеската влада да го казни славниот актер.

Филмот „Седум години во Тибет“ беше објавен во 1997 година. Режиран од Жан-Жак, филмот ја раскажува приказната за Хајнрих Харер, австриски планинар кој го напуштил своето семејство во 1939 година за да оди на експедиција на Хималаите.

Кога избила Втората светска војна, Хајнрих и неговите придружници биле заробени од британските трупи. Години подоцна, во 1944 година, тој успеал да побегне и стигнал до главниот град на автономниот регион на Тибет, Ласа, каде што го запознал и се спријателил со младиот Далај Лама. Двајцата станале пријатели пред инвазијата на Кинеската Народноослободителна армија во 1950 година.

„За публиката тоа се два часа, но за мене тоа е половина година од животот“, изјави Пит за магазинот Interview.

Бирото за цензура во Пекинг го забрани филмот низ Кина поради негативниот начин на кој ги прикажува земјата и војската. Затоа, Пит не можеше да влезе во Кина од 1997 до 2014 година, кога ја придружуваше Анџелина Џоли во Шангај за да го промовира нејзиниот филм Maleficent.