Шон Мендес (25) е виден на плажа во Малибу, а со него била и 12 години постарата ријалити ѕвезда Чарли Траверс.
Пејачот и бринетата се забавувале на песок, а папараците ги уловија како пристигнуваат и заминуваат од плажата. Во еден момент, Чарли ги завитка рацете околу вратот на Шон.
Изгледа дека дуото сосема спонтано решиле да заминат на плажа бидејќи не биле облечени во костими за капење, туку во долна облека, но тоа не ги спречило да се соблечат и да уживаат на сончевите зраци. Многумина пишуваат дека Чарли потсетува на поранешната девојка на Шон, пејачката Камила Кабело.
Инаку, откако беа фатени како страсно се бакнуваат на фестивалот Коачела, многумина мислеа дека поранешните љубовници Шон Мендес и Камила Кабело се повторно заедно, но извор близок до парот ги демантира тврдењата.
„Шон и Камила остануваат пријатели, но веќе не се во врска“, рече изворот. „Тие останаа во контакт по раскинувањето и решија да се сретнат на Коачела бидејќи и двајцата одеа таму“.
Да потсетиме дека Шон и Камила раскинаа минатата година, а по раскинувањето рекоа дека имаат намера да останат најдобри пријатели. „Ја започнавме нашата врска како најдобри пријатели и ќе продолжиме да бидеме. Многу ја цениме вашата поддршка од самиот почеток “, напишаа тие во заедничката изјава тогаш.
По нивното раскинување, се шпекулираше дека 25-годишниот пејач бил во врска со познатата докторка Џоселин Миранда (52) со која неколку пати бил сниман на излегувања, а и таа била фатена како оди кај Шон. Кабело почна да излегува со Остин Кевич минатата година.