Шон Пен ќе ја игра главната улога во украинскиот филм за рускиот напад на Украина

popara24 мај, 20231min00
Screenshot_4

Како што пренесува „The Hollywood Reporter“, Шон Пен потпишал договор да глуми во украинскиот воен филм со наслов „War Through the Eyes of Animals“.

 

 

 

Станува збор за долгометражно остварување од девет дела, во режија на девет украински режисери, која ја следи приказната за војната во Украина низ перспективите на различни животни фатени во конфликтот, пишуваат западните медиуми.

 

Според тоа што се наведува, режисерот Мирослав Слабошпицки ќе го режира деветтото продолжение, а Шон ќе игра американски инженер за звук кој случајно станува сведок на избувнувањето на војната на 24 февруари 2022 година, кога Русија ја нападна Украина.

 

„Апсолутно сум среќен што сум дел од овој филм. Голема чест е да се работи со неверојатен актер и извонредна личност и еден од најголемите пријатели на Украина, Шон Пен. Тој беше со нас за време на нападите на 24-ти февруари и ја истражува војната и Украина во длабочина во својот документарен филм. Неговата поддршка ни е непроценлива“, рекол Слабошпицки.

 

Еден од креаторите на антологијата „War Through the Eyes of Animals“, Олег Кохан, наведува дека се е засновано на вистински настани.

 

„За нас е клучно уметниците од калибарот на Шон Пен не само да ја признаат застрашувачката реалност што ја прикажуваме, туку и да придонесат со својот глас. Ова ја нагласува релевантноста на темата на филмот за екоцидот во Украина“, рекол Кохан.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag