Викендот е пред нас, а доколку сакате да се засладите со кафето или чајот, можете да направите карамел барови.
Состојки:
170 гр шеќер
100 мл вода
200 мл слатка павлака
200 гр кикирики
100 гр сечкани ореви
80 гр путер
1 ванилин шеќер
100 гр чоколадо
Подготовка:
Во тавче ставете го шеќерот, додадете ја водата, ванилиниот шеќер, оставете да се карамелизира. Додадете ја слатката павлака и брзо измешајте. Додадете го путерот, а на крај кикириките и сечканите ореви.
Оставете да се згусне, па истурете во тесна тава и покријте со проѕирна фолија.
Оставете да се излади, па покријте со растопено чоколадо. Оставете добро да се излади во фрижидер, по можност преку ноќ.
Уживајте!