Секој во емотивна врска сака да се согласува со семејството на својот партнер. Здравата и негувана врска е корисна не само за вас, туку и за вашата врска со партнерот. Но, за жал, ова не е привилегија во која уживаат сите.
Една жена се огласи на социјалните мрежи за да ја сподели својата болка „што таткото на нејзиното момче ја мрази“.
– Најдов човек што го сакам и кој ме сака, но тој има многу токсичен татко кој ме мрази и активно прави се што може за да не раздели – се пожали извесна Џенифер, а пренесе „News24“.
За жал, веруваме дека има многу од нас кои можат да се поврзат со овој случај, па еве неколку совети како најдобро да се справите со непријатната ситуација.
1. Обидете се да соберете информации за тоа што точно не им се допаѓа кај вас за да одредите дали има шанса да најдете заеднички јазик. Откријте што сакаат, обидете се да им се приближите.
2. Предложете му на партнерот да му објасни на семејството дека не мора да им се допаѓа неговиот избор, туку да го почитуваат. Јасно кажете дека не очекувате блискост, но пријатноста во однесувањето е неопходна.
3. Партнерот треба по секоја цена да ве заштити и да не ве изложува на семејни средби се додека нивниот однос кон вас е негативен (прослави, семејни собири и сл.).
4. Комуникацијата е клучна, не ги оставајте работите да „висат во воздух“. Започнете разговор, но не барајте од него да избира бидејќи тоа може да предизвика револт.
Запомнете, важно е вашиот партнер да ви помогне да се чувствувате безбедно, сакано и посакувано без оглед на семејното отфрлање и омраза. Мора да ве заштити, инаку не е ваш партнер.