Што значи бројот на кремата за сончање? Еве што всушност е SPF и како влијае на кожата

popara6 јуни, 20231min00
b64ad958a206c72aa48de85bd6086e82bb8384d2

Етикетата на производот за сончање мора да содржи број на фактор за заштита од сонце (SPF) за да го покаже нивото на заштита од УВБ и да наведе дали го поминал тестот со широк спектар против ултравиолетовото зрачење (УВА) на сонцето.

Што е заштитен фактор?

Кога поминуваме време на сонце, изложени сме на два потенцијално штетни типа на зраци: УВА и УВБ. Факторот за заштита од сонце (SPF) е број, на пример, SPF15. Тоа покажува колку заштита нуди производот од УВБ светлина. Производот со поголем SPF број ќе обезбеди поголема заштита.

Ниска заштита: SPF е под 15
Средна заштита: SPF е 15 до 29
Висока заштита: SPF е 30 до 49
Многу висока заштита: SPF е над 50

Што значи SPF?

SPF е научна мерка. Тоа дава идеја за тоа колку е помал ризикот од оштетување на кожата поради употребата на крема за сончање. Се фокусира на времето потребно за УВБ зраците да навлезат во кремата за сончање и да предизвикаат црвенило на кожата, во споредба со времето без крема за сончање. Факторот се пресметува со делење на дозата на сончево зрачење потребна за да се предизвика црвенило на кожата, со дозата потребна за да се предизвика црвенило без крема за сончање, пишува Medical news today.

Ако е потребно 15 пати подолго за кожата да поцрвени со крема за сончање отколку без крема за сончање, SPF е 15. Во теорија, ако под одредени УВ услови би биле потребни 10 минути за незаштитената кожа да почне да поцрвенува, кремот за сончање со заштитен фактор 30 би го спречила тоа на 300 минути или 5 часа, што е 30 пати подолго.

Погрешно е да се мисли дека со повисок заштитен фактор човек може да помине повеќе време на сонце, а ова мислење често се среќава.

Други фактори кои влијаат:

временските услови
време од денот
тип на кожа
како го нанесувате лосионот

Ефектот на блокирање на зраците исчезнува по најмногу 2 часа. После тоа, лосионот ќе треба повторно да се нанесе.