Соништата понекогаш ни даваат фризури кои не се на нашата листа на желби, но токму таквите соништа испраќаат гласни пораки кои треба да се слушаат.
Паѓањето на косата во сон е секако еден од шоковите кои се вистински кошмар. Сепак, многу е важно да се обрне внимание на начините на опаѓање.
Губење на големи количини на коса
Соништата од ваква природа може да укажуваат на здравствени проблеми. Ние сме емотивно поврзани со косата, па кога сонуваме за такви загуби, тоа може да претставува голем емоционален стрес што доаѓа или низ кој моментално поминува сонувачот. Иако можеби не изгледа страшно, вашето тело и ум се справуваат поинаку и ви испраќаат јасни сигнали.
Губење на косата при чешлање
Едно толкување на таквите соништа сугерира дека тие се однесуваат на токсична врска. Ова го поврзува губењето на косата со ефектот на труење и сугерира дека сонувачот треба да размисли за неговите блиски односи за да утврди дали има такви што му предизвикуваат непотребен стрес и потоа да се обиде да ги реши тие прашања.
Извлекување прамени
Стресот е дополнително толкување на таков сон (одвоено од емоционалниот стрес) и сонувачите треба поблиску да го разгледаат сонот за да видат дали има ситуации што доведуваат до чувство на немоќ или ранливост.
Опаѓањето на косата е поврзано со губење на физичката привлечност и симболично со губење на силата или самодовербата. Затоа, друго значење на овој сон е стравот дека партнерот ќе ве остави поради сексуални проблеми кои можеби ги имате, или од кои се плашите, пренесува „Dreams.co.uk“.