Свеќите се симбол на светлината, а кога ќе се појават во нашите соништа, можат да претставуваат нешто позитивно, но и „предупредување“ кое ве следи низ сонот.
Кога сонувате дека влегувате во соба и гледате запалена свеќа во неа, или само ја забележувате во позадината на заплетот од соништата, тоа најчесто се поврзува со некои темни работи кои ни прават да се наежиме. Сепак, таквото чувство може, но и не мора да е клучно за овој сон.
Ако сонувате свеќи, тоа може да значи дека на нешто во вашиот живот му треба исцелување, преродба или некакво водство кое ќе ви помогне да се ослободите од некои нејаснотии.
Свеќата, од позитивна страна, може да претставува надеж во вашиот живот. Симболично, бидејќи свеќата е обично единствената светлина во темен простор. На овој начин, тоа може да се поврзе со вашиот живот во реалноста. Значи, постои тој „пламен“ на надеж, кој продолжува да гори и да ви го осветлува животот, иако можеби се соочувате со нешто тешко и „мрачно“.
Тие можат да бидат и знак дека ве очекува голема животна промена.
Овој вид на сон може да претставува и некакво предупредување и забелешка. Имено, свеќата може да биде знак дека ако не го промените однесувањето или ако не се „вратите на вистинскиот пат“, животот ќе ви стане целосно мрачен. Ова се однесува на фактот дека ако не направите ништо, на крајот ќе изгори и нема да биде светло.