Споменатата анализа на ДНК во листовите од чајот може да им помогне на експертите да го следат ширењето на инсектите кои се сметаат за штетници.
Хенрик Кренвинкел, еколошки генетичар од Универзитетот во Трир, со својот тим на научници откриле револуционерен начин да се запознаат со интеракциите меѓу растенијата и животните. Во списанието „Biology Letters“ тие објавија истражување во кое ги анализираат сувите лисја од камилица, нане и магдонос.
Користејќи еколошка ДНК анализа, тие тестирале чаеви и лековити билки. Пронашле повеќе од 1.200 различни видови членконоги на избрани комерцијални производи.
Тие собрале примероци од разни билки и чаеви од различни делови на светот. Тимот на Хенрик развил методи за екстракција и засилување на ДНК од инсекти од достапниот растителен материјал, а во објавеното истражување тие известуваат дека приближно 99,99 отсто од пронајдената ДНК била растителна, а само мал дел била ДНК од инсекти.
Се разбира, тоа е добра вест за љубителите на чај, но ДНК од инсекти укажува на нешто друго. Имено, ни кажува дека чаевите не се полни со пестициди, како што се шпекулираше.
Инсектите често патуваат низ светот преку бродови, автомобили и други средства и успешно се селат и ги уништуваат шумите, џунглите и посевите.