Притискањето на копчето за одложување на алармот, проверката на пораките и е-поштата на мобилниот телефон веднаш штом ќе се разбудите наутро или пиењето кафе прерано, може да биде главната причина за недостаток на енергија во текот на денот, според д-р Каран Раџ, доктор од Британскиот институт за јавно здравје во Лондон кој го објави тоа на TikTok, каде што го следат дури 4,1 милиони корисници.
Каран е хирург и предавач на Империјал колеџ во Лондон и на Универзитетот во Сандерленд и е убеден дека секоја од овие навики, особено два или три во комбинација, може да доведе до лош почеток на денот. Во видеото со наслов „Дали ги правите овие работи?“, тој ја споменува навиката да го притискаме копчето за одложување на алармот како првата голема грешка што можеме да ја направиме наутро, затоа што ова исто така го „враќа“ вашето тело во циклус на спиење.
Ова предизвикува ослободување на хормони кои го поттикнуваат спиењето, што може да направи да се чувствувате уморни. Уште повеќе, д-р Раџ вели дека телото може да има вишок на овие хормони до четири часа откако ќе се разбудите.
– Проверувањето на мобилните телефони, штом ќе се разбудите, исто така е погрешна утринска рутина – вели тој.
Имено, нашиот мозок по будењето постепено преминува од делта состојба во тета, а потоа во алфа состојба на мозочните бранови. Во едноставни термини, тоа значи дека постепено се буди и ако го прекинете тој циклус со поглед на екранот на вашиот мобилен, вашиот мозок веднаш ќе скокне во алфа фазата и ќе стане премногу активен премногу брзо.
– Оваа состојба може да ве држи пречувствителни буквално цел ден – вели тој.
Кога станува збор за пиење на првото утринско кафе, тоа треба да се одложи за после пладне, вели тој. Имено, кортизолот е примарен хормон на стрес кој се произведува во нашите тела, а ни помага да ја одржуваме будноста и го зголемува количеството на шеќер во крвта. Нашето тело природно почнува да произведува кортизол околу 8 или 9 часот наутро, па ако пиеме кафе во тоа време, или порано, тоа нема да го има посакуваниот ефект.
– Наместо тоа, треба да почекаме со кафе додека не ни падне природниот кортизол, што се случува подоцна. Ако потоа пиете кафе, тоа ќе има ефект на будење – вели тој, а пренесува Дејли Мејл.