ШТО НЕДОСТАСУВА ВО ОРГАНИЗМОТ АКО ПОСТОЈАНО ВИ СЕ ЈАДАТ ПЕЦИВА И БЛАГО: Науката открива кои луѓе се склони кон прејадување

popara6 јануари, 20231min00
Sta-znaci-ako-vam-se-stalno-jedu-peciva-i-slatkisi_1254270307

Желбата за храна полна со јаглехидрати и масти како печива, пица и слатки може да биде знак дека ви недостасуваат протеини. Ова го тврдат научниците од Универзитетот во Сиднеј, чие истражување покажало дека луѓето чија исхрана содржи доволно протеини се помалку склони да прејадуваат високо преработена храна отколку оние на кои им недостигаат протеини.

Авторите на истражувањето ги опишуваат протеините како основен градежен материјал на организмот, кој, меѓу другото, му е потребен за создавање енергија. Во случај на недостаток на протеини, желбата за брза храна може да изгледа дека ги задоволува енергетските потреби, но со таквите непожелни извори на енергија само го продлабочуваме проблемот. Телото најдобро се снабдува со протеини преку урамнотежена исхрана со разновидна и целосна природна храна.

Меѓу најголемите извори на протеини се месото, јајцата, млекото и млечните производи, но и бројните растителни намирници: мешунките (особено гравот, леќата и наутот), овесот, киноата, брокулата, јаткастите плодови…

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma