Некако со текот на годините се менуваат интересите на мажите и тоа е сосема нормално. Она што ги интересира жените е што можат да очекуваат од помладите, а што од постарите мажи во кревет. На овие сомнежи одговори интернет страницата која се занимава со љубовните врски, наречена „LeAffair“.
Таа спроведе анкета и истражување за сексуалните желби на мажите над 40 години и помлади. Ова се резултатите и одговорите на прашањето што е тоа на што се палат средовечните мажи?
На прво место, веројатно ќе ве изненади фактот што мажите кои се постари од 40 години најмногу сакаат романтика во кревет. Нивната листа на желби вклучува бакнување и нежен, лесен однос и, верувале или не, ова се наоѓа пред оралниот секс.
После тоа, на листата следи „нормална интимност“, без претерани акробации, а потоа онаа со жени во заводлива долна облека и високи потпетици, како и садо-мазо игри и тројки. Она на што не ни помислуваат е фотографирање и снимање за време на акцијата во кревет.
Што е со помладите момци?
Според ова истражување, мажите во дваесеттите и делумно оние во 30-тите се многу поподготвени за експериментирање. На пример, на ум им се заводливи фотографии и видеа, а интимноста со повеќе луѓе е меѓу првите пет желби во кревет.
Како што покажуваат истражувањата, мажите се сексуално најактивни и најмоќни на возраст од 20 до 30 години. Меѓутоа, она што исто така покажува истражувањето е дека тие потоа се повеќе фокусирани на квантитетот отколку на квалитетот во креветот. Квалитетот на односот најмногу се менува во четириесеттите, а потврдено е дека и мажите и жените во четириесеттите имаат помалку акција во креветот, но дека тогаш станува значително подобра.