Што се освен храна може да чувате во фрижидерот? Одговорот на експертите ќе ве изненади!

popara26 август, 20231min00
0a563649faa90a1bdd61b63f207360a96c41c558

Дали ја чувате вашата козметика во фрижидер? Не грешите ако имате полица со парфеми, лакови и крема за лице, бидејќи според најновите истражувања – 22 милиони жени во Европа го прават истото.

Експертите утврдиле дека секоја петта жена чува козметика во фрижидер (има и такви специјално дизајнирани за ова), од шминка до креми за нега на стапала, а има и такви кои таму чуваат долна облека.

Фрижидерот чува и влошки за чевли, чорапи, облека од кашмир…

– Се поголем број жени трошат се повеќе пари на мода и козметика. Сакајќи да ги сочуваат што подолго, значителен процент од женската популација во Европа ја заменува својата полица за козметика од бањата со онаа во фрижидер. Во козметичките кругови не е тајна дека чувањето на одредени производи на студено не само што го зголемува пријатното чувство, туку и го продолжува рокот на траење и ефективноста – забележува познатиот експерт за козметика Ема Хил.

Според нејзиниот совет, следново треба да се чува во фрижидер:

* Органски препарати за нега на кожа и препарати со витамин Ц. Витаминските и природните препарати содржат помалку конзерванси, па затоа е подобро да ги чувате ладни бидејќи ќе ги задржат своите активни својства подолго.

* Долготрајни ајлајнери и моливи – бидејќи имаат поиспарливи состојки кои можат побрзо да исчезнат на жештината, па затоа е подобро да им го продолжите животот на овој начин.

* Масла за лице – бидејќи есенцијалните масла што ги содржат може да го изгубат својот квалитет со текот на времето доколку се чуваат на погрешен начин. Ако маслото е во фрижидер, долго ќе остане свежо.

* Лак за нокти – затоа што ќе ви биде многу полесно да го користите. Во фрижидер станува течен и полесно се мачка. Проверете!

* Спреј за нозе – бидејќи ладен делува многу подобро кога ќе го прскате на уморни нозе.

* Креми за очи, гелови и маски – затоа што ефикасно и брзо го намалуваат отокот на лицето и очните капаци, што е главен естетски проблем денес.

Џемпери и панталони

Околу 1,4 милиони Европејки чуваат облека во фрижидер, вклучително и кожени панталони, бидејќи мислат дека ќе ја вратат старата форма што ги имаа пред првото носење.

* Верувале или не, добро е да ги чувате џемперите од ангора и кашмир во фрижидер. Студениот кашмир и ангората, всушност, ги одбиваат молците, па овие парчиња облека сигурно ќе ви траат неколку сезони.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma