
Дали е можно да се заљубите после 50 години? Овде зборуваме за онаа страсна љубов кога срцето силно чука во градите, чувствувате пеперутки во стомакот, една личност ви е на ум и сакате да бидете блиску до неа цело време…
Многумина веруваат дека можете. Љубовта не познава граници, таа оживува, ги активира чувствата, го исполнува светот со звуци, светли бои и мириси.
После педесеттата, многу луѓе мислат дека повеќе нема да почувствуваат таква љубов, но важно е да знаат дека љубовта не е резервирана само за младоста. Љубовта е искуство што го менува животот, неверојатна сила која ве поттикнува да го отворите срцето и да сакате.
А еве што љубовта по 50-та може да ви донесе во животот:
- Љубовта е богатство кое го збогатува вашиот живот и ве прави поисполнети. Ова не значи дека не можете да бидете среќни без партнерска љубов, но кога љубовта ќе се појави по 50-тата година, ќе забележите како таа од корен ви го менува животот.
- Љубовта е граница – Во животот има настани кои го делат животот на „пред“ и „после“. Љубовта може да стане премин низ кој поминувате на друго, посветло ниво на живот. Љубовта ќе дојде наеднаш кога најмалку ја очекувате, не можете да ја контролирате, таа е тука и доаѓа на големо. Не можете да се заљубите со еден клик, тоа се случува, трае и ви покажува како да преминете одредени граници.
- Љубовта е подарок – Можеби треба внимателно да се однесувате кон овој неверојатен подарок на судбината, почитувајќи ги вашите чувства и благодарност до себе и судбината за она што се случува. Затоа, шансата за љубов сфатете ја како подарок и бидете подготвени да сакате. Срцето не познава години кога е љубовта во прашање, па може да се заљубите толку силно, исто како што сте го доживеале тоа за прв пат во животот.