Доколку сакате да изгубите некој килограм пред летувањето тогаш треба да знаете колку е важно да не ги прескокнувате оброците бидејќи тоа колку што е штетно за линијата, толку е и штетно за здравјето на целокупниот организам.
Прескокнувањето на оброци стана тренд на денешницата. Некогаш не јадете бидејќи сте на диета, некогаш немате време за оброк, а некогаш едноставно не сте гладни.
Доколку често ги прескокнувате оброците од било која причина, морате да бидете запознаени со нештата што се случуваат во вашиот организам поради тоа.
- Дисбаланс на хормоните
Доколку прескокнувате оброци доаѓа до дисбаланс меѓу хормоните, се зголемува кортизолот и ве прави нервозни. Инсулинот исто така расте, а потоа опаѓа што доведува до пореметување на шеќерот во крвта, а со тоа и до зголемување килажата.
- Проблеми со варењето
Вашето тело е навикнато да работи преку целиот ден, па кога ќе прескокнете еден оброк, организамот нема што да преработува па и самиот систем на варење престанува да работи кога имате оддалечени оброци. За добар метаболизам најдобро е да имате три оброци дневно, плус две ужинки.
- Задржување на мастите
Со прескокнување на оброците го збунувате вашето тело. Тоа мисли дека го изгледнувате па започнува да ги складира мастите за да си обезбеди енергија за наредниот период.
- Го исцрпувате организмот
Со прескокнувањето на оброци го успорувате вашиот метаболизам, а вас тоа ве прави уморни. Кога не јадете вашиот метаболизам се успорува, но кога имате редовни оброци вашиот метаболизам постојано работи и се забрзува. Редовните оброци ќе ви обезбедат побрз метаболизам и согорување на калориите.
- Станувате депресивни
Најверојатно сте слушнале досега дека кога луѓето се гладни се речиси исти како и луѓето кои многу силно му се налутени на некого. Тоа се случува поради дисбалансот на хормони кои предизвикуваат да се чувствувате депресивно и вознемирено. Спасете се себе си и сите околу вас така што нема да прескокнувате оброк.
- Се менува системот на размислување
Ќе се изненадите, но прескокнувањето на оброци го менува вашиот систем на размислување за храната. Во вашиот ум се создава лажна слика дека храната не е приоритет – а ова не е добро за вашето здравје.
- Доаѓа до прејадување
Последното, но не и најмалку важно е тоа што како последица од прескокнувањето на оброкот подоцна доаѓа до прејадување. Тоа е нешто што обично оди по прескокнат ручек на пример. Вашето тело за време на вечерата е толку исцрпено и навистина извикува за калории. Тогаш доаѓа до прејадување, што обично резултира со болки во стомакот и натрупување на вишок масти и килограми.
Следниот пат размислете колку се исплати прескокнувањето на оброкот…