ШТО СЕ СЛУЧУВА СО НАШЕТО ТЕЛО КОГА ЌЕ ГО ИСФРЛИМЕ ЛЕБОТ ОД ИСХРАНАТА? За помалку од еден месец ќе почнат да се забележуваат неверојатни промени

popara22 јануари, 20231min00
310959_shutterstock-566611078_ls

Многу луѓе се прашуваат што се случува со нашето тело кога ќе го исфрлиме лебот од исхраната, а одговорот може да ги изненади.

Една од омилените намирници што ја консумираат Македонците е лебот. Речиси и да нема оброк со кој не јадеме леб, а познато е и дека токму оваа намирница е еден од факторите кои влијаат на дебелината.

Умереноста е клучот за успех кога станува збор за слабеењето, но кога имаме свеж леб пред нас тешко е да му одолееме, а често го консумираме во неконтролирани количини.

Често можеме да слушнеме колку луѓе, водени од лично искуство, препорачуваат исфрлање на лебот од исхраната, бидејќи на тој начин наводно се забрзува процесот на слабеење, а освен тоа, еве што се случува во организмот кога не јадеме леб:

Hleb

  1. Слабеење предизвикано од насобирање на вода во телото

Лебот е полн со јаглехидрати, а нивното нагло исфрлање ќе се забележи на телото во вид на слабеење. Но, не станува збор за инстант слабеење, туку за губење на водата која се акумулирала во телото, пишува „24 sedam.rs“.

Телото складира јаглехидрати во форма на гликоген, млечна киселина која собира вода. Секој грам јаглехидрати задржан во телото задржува и врзува три до четири пати повеќе од неговата тежина вода.

Mršavljenje

  1. Помала потреба за храна

Познато е дека јаглехидратите предизвикуваат нагло зголемување и скок на шеќерот во крвта, кој потоа нагло опаѓа, а тоа предизвикува чувство на глад и потреба за храна. Ова е уште една причина зошто лебот влијае на килограмите, бидејќи е полн со јаглехидрати.

Manja potreba za hranom

Тоа, се разбира, не значи дека лебот треба целосно да го исфрлите од исхраната, туку само празните калории и белиот леб да ги замените со леб од цели зрна кои го регулираат и балансираат шеќерот во крвта.

  1. Зголемена енергија и подобро варење

Белиот леб, за разлика од црниот или интегралниот леб, не содржи влакна кои се неопходни за нормално функционирање на цревата и варењето на храната. Таквата храна предизвикува запек и дигестивни проблеми. Откако ќе го исфрлите белиот леб од менито и ќе ги вклучите интегралните житарки во вашата секојдневна исхрана, варењето почнува да работи нормално и лесно. Исто така, јаглехидратите се храна и гориво за мозокот. Ако се квалитетни, мозокот работи нормално, без пореметувања, но доколку храната за мозокот не е здрава, телото реагира негативно, предизвикувајќи чувство на слабост и замор.

Više energije

И диететичарката Кејси Барнс исто така потврдува дека е важно умерено да се консумираат јаглехидрати.

„Со вклучувањето на овие намирници во вашата исхрана, ќе внесете доволно влакна, железо, фолна киселина и магнезиум, ќе бидете сити и ќе имате доволно енергија. Запомнете дека ниту една намирница не е лоша сама по себе, важно е само да имате рамнотежа и да одредите кои порции се најдобри за вас“, вели таа.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma