Што се јаде ПОСЛЕ ТРЕНИНГ? Оваа храна е особено идеална ако тренирате доцна навечер!

popara18 февруари, 20231min00
c16eee423f5b43a12a83ca4053a42dc0a7ccb4c6

Ако постојано тренирате, има големи шанси да размислувате многу за оброкот пред тренинг. Но, дали посветувате исто внимание на вашиот оброк после тренинг?

По тренингот, особено ако бил со поголем интензитет, многу луѓе гладуваат и подготвуваат секаква храна за да го потиснат гладот. Сепак, треба да се грижиме за намирниците кои ќе ги внесеме во организмот после тренингот, бидејќи тогаш целиот труд воопшто не вреди ако внесеме нешто што не треба, особено ако сакаме да ги изгубиме вишокот килограми.

По тренингот најдобро би било да почекате еден до два часа пред да почнете да јадете нешто, за да може телото да потроши малку повеќе од резервите на маснотии. За тоа време секако дека можете да пиете вода во големи количини бидејќи таа е најздрава, а и малку ќе го надминете гладот.

Кога ќе завршите напорно вежбање, на вашето тело му требаат протеини за да ги поправи мускулните влакна кои биле скинати за време на тренингот. Затоа диететски протеински производ е најидеалниот оброк.

Што да се јаде после тренинг?

Можете да подготвите омлет од белка од јајце, да зготвите бело месо или лигњи, посно сирење или да зготвите (или на скара) филети од секаков вид бела риба. Исто така, многу е важно со оброкот да имате салата – од домати, краставици, зелка, пиперки, ротквици, кромид или зелена салата – се е дозволено.

Ако сè уште не можете да издржите да не јадете после тренинг:

– Пијте колку што е можно повеќе течност, особено вода, но можете да пиете и чаша зелен чај или какао без шеќер
– Можете да пиете до половина литар кефир со малку маснотии
– Јадете јаболко

Ако вежбате доцна навечер:

После туширање и пред спиење, јадете само протеини во мали количини, пр. 100 – 150 грама сирење со малку маснотии или изедете едно јајце.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma