Што треба да знаете и како да се заштитите од топлотен удар?

popara11 јули, 20231min00
Screenshot_2

За време на жешките летни месеци, обично поминуваме повеќе време на отворено, изложени на сонце. Важно е да ја научите разликата помеѓу топлотен удар и истоштеност од топлина, а разликата помеѓу овие две состојби и препознавањето на симптомите може да ви помогне да се заштитите.

 

 

 

Следните два дена (24-25 јуни) целата територија на државава ќе биде зафатена со температури од портокалова (алертна) фаза, соопштија од Министерството за здравство по најава од Управата за хидрометеоролошки работи. Заштитете се себе си и своите најблиски така што ќе се информирате и ќе се држите до препораките.

 

Симптоми на топлотен удар

 

Кај лице погодено од топлотен удар, телесната температура може да се искачи на 40°C и повеќе. Симптомите вклучуваат конфузија, нејасен говор, обилно потење или жешка, сува кожа, губење на свеста, напади и висока телесна температура, пишува Healthline.

 

Овие симптоми се сметаат за многу сериозни и ако некое лице ги забележи овие симптоми, треба веднаш да побара медицинска помош.

 

Што се однесува до исцрпеноста што се јавува за време на жештината, таа е предизвикана од дехидрираност, носење тешка и тесна облека и консумирање алкохол.

 

Треба да се напомене дека одредени фактори можат да предизвикаат исцрпеност и топлотен удар.

 

Што сѐ може да влијае на зголемената чувствителност на топлина?

 

Возраст – деца под четири години и возрасни над 65 години имаат зголемен ризик бидејќи нивната способност да ја регулираат температурата е намалена.

 

Лекови на рецепт – Некои лекови на рецепт можат да ја намалат способноста на телото да се хидратира подолго време, а дехидратацијата може да доведе до топлотен удар.

 

Дебелина – Телото задржува повеќе топлина ако лицето има прекумерна тежина, а исто така може да биде потешко да се разлади телото.

 

Нагли промени во температурата – кога често се движите од ладна на топла локација, вашето тело можеби нема да може да се прилагоди на овие промени, па затоа може да ви биде потешко да ја регулирате температурата на вашето тело.

 

Како да се заштитите?

 

Еден од главните начини да се спречат болести поврзани со жештината е да се задржи телесната температура пониска, пишува Healthline. Ова е особено важно кога правите некои активности на отворено кога е жешко. Важно е да знаете што можете да направите за да се заштитите.

 

Еве неколку совети за превенција:

 

  • Останете хидратирани – Пијте две до четири чаши вода на секој час додека сте на сонце.

 

  • Избегнувајте алкохол и пијалоци со кофеин додека вршите активности на сонце.

 

  • За време на жешките денови, обидете се да поминете повеќе време во затворени простории или во климатизирани простории.

 

  • Во текот на најжешкиот дел од денот, избегнувајте активности на отворено.

 

  • Носете светла, лесна облека кога сте на отворено.

 

  • Туширајте се со поладна вода (но не непосредно по изложувањето на сонце).

 

  • Повеќе паузи за време на некои активности на сонце.

 

  • Никогаш не оставајте деца или кучиња во автомобил паркиран на сонце бидејќи температурата во автомобилот може да се зголеми многу брзо, што може да биде опасно.
escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag