ЃУМБИР ЗА МЕСО, КУРКУМА ЗА САЛАТИ… Еве кои зачини со кои јадења одат!

popara24 април, 20231min00
656998_pexels-karolina-grabowska-4199098_f

Нутриционистот Јована Вучелиќ предлага во исхраната да внесете одредени зачини и советува како да ги комбинирате и со кои јадења.

Општо е познато дека одредени зачини ќе го подобрат вкусот на вашата храна, а нутриционистката Јована Вучелиќ предлага овие пет секогаш да ги имате при рака:

– Употребата на зачините во храната е, верувам, рутина за секого. Зачините, освен што имаат ароматично дејство, се многу важни во процесот на варење на храната! Зачините поради нивните активни состојки (етерични масла, алкалоиди, алдехиди, гликозиди, смоли и сл.) се моќни стимулатори на варењето, вели нутриционистката и ги издвојува топ 5 зачините кои лесно можете да ги комбинирате во вашата секојдневна исхрана, без разлика дали пиете пијалоци, подготвувате оброци или десерти.

– Овие зачини се многу делотворни врз организмот и ќе ви ја направат храната уште повкусна – вели Јована:

Ванила – совршен додаток на слатките јадења.

Ѓумбир – одлично оди со супи од месо, зеленчук, бисквити и пудинзи.

Куркума – јадења на скара, сосови, салати, чаеви.

Бибер – главна состојка на чорби, маринади, туршија и сосови.

Цимет – омилен додаток на топли напитоци, десерти и овошни салати.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag