Ѕвездата на серијата “Pretty Little Liars” откри дека се борела со алкохолизмот во 20-тите

popara5 ноември, 20231min00
o_31097635_1280

Иако стана позната благодарение на серијата „Pretty Little Liars“, американската актерка Луси Хејл неодамна откри една темна страна на завидниот успех. 34-годишната актерка се навратила на своите бурни дваесетти и изјавила дека уште тогаш станала зависна од алкохол. Таа пиела и додека ја толкувала улогата на Арија Монтгомери во серијата што ја прослави.

„Се сеќавам на срамот после секое пијанство бидејќи моето пиење никогаш не беше нормално, ако може така да се нарече секое опивање. Не секогаш одев до крај, често бев свесна дека пијам за да избегам од нешто, дури и на млада возраст.“ рече таа во подкастот „Call Her Daddy“ на Spotify, лансиран во 2018 година од Софија Френклин и Александра Купер. Домаќините често ги повикуваат познатите личности со одредени проблеми кои ги споделуваат јавно, бараат решенија со нив и даваат совети. Така актерката им признала дека дури во раните дваесетти станала свесна дека „има проблем“ со алкохолот, пренесува CNN.

Колку и да звучи неверојатно, таа успеа да сокрие колку пие од другите, особено на снимањето на „Pretty Little Liars“. Таа успеала да го скрие и своето прво патување на рехабилитација кога имала 23 години.

„Тоа беше одлучувачки момент во мојот живот“, рече актерката, признавајќи дека борбата со самата себе станала навистина мрачна… Бев многу тажна, многу исплашена.“ Но, тоа одвикнување за жал не успеа.

„Не бев подготвена да престанам, затоа и не се отрезнив до 32-та година“, рече Луси, додавајќи дека нејзиното конечно одвикнување е поттикнато од „длабокиот страв што ќе се случи ако продолжи да се однесува така.” Таа денеска е трезна веќе две години. Сака да остане таква, но мора да работи на апстиненција секој ден.

Во моментов таа се чувствува способна да остане на патеката без алкохол, но процесот на одолевање е сè уште многу тежок.

“Тоа е нешто на што постојано работам. Јас се бирам себеси, а не алкохолот – секој момент, секој ден затоа што морам. Сакам да бидам присутна, сакам да живеам исполнет живот”, заклучила актерката.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag