Американската актерка и комичарка Кејт Микучи на нашата публика и е попозната како Луси од серијата „The Big Bang Theory“. Нејзината улога на несмасна девојка која беше симпатија на срамежливиот Раџ насмеа многу гледачи и обожаватели на шоуто, а актерката е активна и на социјалните мрежи каде често објавува комични видеа. Сепак, таа во саботата го искористила својот профил за да објави сериозна вест која шокираше многумина.
Имено, ѕвездата на серијата откри дека ѝ бил дијагностициран рак на белите дробови, а веќе започнала со лекување и била оперирана за отстранување на туморот.
„Здраво на сите, ова не е TikTok, ова е „Sick Tok“. Јас сум во болница, но тоа е затоа што вчера имав операција на рак на белите дробови. Го фатија многу рано“, го започна своето обраќање актерката до обожавателите и продолжи: „Навистина е чудно бидејќи никогаш во животот не сум запалила цигара“.
Покрај тоа, таа открила дека туморот бил рано фатен и отстранет. Во видеото таа откри и дека се чувствува добро, и дека планира да се врати во нормален живот по неколку недели закрепнување.
@katiemicucci An update on what I’ve been up to. 🫁 #sicktok #hospital #imokay #solucky #sendinglove