Ѕвездата на филмот „Legally Blonde“ се разведува по 12 години брак

popara26 март, 20231min00
reese-witherspoon-5-830x0

Ѕвездата на „Legally Blonde“ Рис Витерспун објави дека се разведува од сопругот Џим Тот.

Актерката преку својот Инстаграм профил откри дека бракот сепак се распаднал.

– Имаме некои лични вести да споделиме… Со многу внимание и размислување донесовме тешка одлука да се разведеме. Уживавме заедно во толку многу прекрасни години и продолжуваме напред со длабока љубов, добрина и взаемна почит за сè што заедно создадовме – напиша таа, а потоа додаде:

– Наш највисок приоритет е нашиот син и целото наше семејство додека се движиме низ ова следно поглавје.

Она што изненади многумина е тоа што оваа одлука е донесена само неколку дена пред 12-годишнината.

Рис и Џим првпат беа поврзани во медиумите во 2010 година, по што станаа неразделни. Тие се венчаа во 2011 година на селски имот во Калифорнија, а потоа добија три деца.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma