Американската актерка Лејтон Мистер за магазинот Интервју за прв пат проговори за мајчинството и за тоа како нејзината нова животна улога влијаела на нејзината кариера. Во разговорот на ѕвездата од серијата „Gossip Girl“ и се придружи нејзиниот сопруг, американскиот актер Адам Броди, кој сите го паметат по улогата во тинејџерската драмска серија „The O.C.“. Актерската двојка се запозна во 2011 година на снимањето на филмот „The Oranges“, по што им требаа само три години да сфатат дека сакаат да бидат заедно до крајот на животот, па се венчаа во 2014 година, а денес имаат две деца, 8-годишната ќерка Арло и 3-годишниот син чие име се уште е непознато за јавноста.
“Некои промени беа неизбежни, и покрај тоа што јас и мојот сопруг имавме бескрајни разговори за тоа. Но, и да можам, ништо не би менувала, горда сум што сум мајка. Со мајчинството дојдоа грижи и нервоза, па единственото нешто што можам е да живеам од ден на ден. Но кога сум со моите деца, нашите деца, најважно ми е што сум целосно фокусирана на нив и на ништо друго. А кога работам, неизмерно ми недостигаат“, одговорила 37-годишната актерка на прашањето како за неа мајчинството влијаело на нејзината кариера и додала дека е особено тешко да се биде под постојан притисок и да се чувствува дека како мајка не прави доволно, но дека за жал нашето општество секогаш ќе ги поттикнува таквите вредности.
„Поради мајчинството доживеав ново ниво на емпатија и чувствителност што претходно ги немав, особено кога се во прашање децата. Дефинитивно не е обична работа“, објаснила Мистер, која нормално има проблематична врска со сопствената мајка. Имено, таа е родена во затвор во Тексас, каде нејзината мајка издржувала казна поради дрога, па ја одгледала нејзината баба. Лејтон и нејзината мајка решија да ги решат несогласувањата на суд – тие поднесоа тужба една против друга за парите што актерката ги дала за лекување на нејзиниот помал брат Александар.
Мистер еднаш изјави за списанието People дека за нејзиното мајчинство било емотивно патување за време на кое почнала повеќе да размислува за сопственото детство и за начинот на кој била воспитана. Таа нагласи дека сака да им даде на своите деца се што таа самата немала, но и да ги научи да бидат благодарни за тоа што го имаат.