Се се држеше во строга тајност, а присутни беа само најблиските луѓе
Ѕвездата на „Игра на тронови“, Натали Дормер се омажи за Дејвид Оукс.
Се верува дека парот се венчал со интимна прослава и без медиумска помпа, сето тоа во строга тајност.
– Натали и Дејвид ја чуваа венчавката во строга тајност, не сакаа тоа да биде голема забава, иако секако беше ден за паметење – започнува изворот за „MailOnline“.
– Сакаа само да го споделат моментот со избрана група луѓе. Но, тоа беше преубава церемонија – додава изворот за странските медиуми.
Да се потсетиме, Натали и Дејвид почнаа да се забавуваат во 2019 година, откако две години претходно заедно глумеа во претставата „Венера во крзно“. Актерката претходно беше во брак со режисерот Ентони Бирн, но парот се разведе во 2018 година по 11 години брак.